Saturday, December 8, 2007

Стојаково


Од Википедија, слободна енциклопедија

Стојаково е село во Општина Богданци, во околината на градот Богданци. 

Стојаково
Стојаково (Република Македонија)
Општина: Општина Богданци
Население: 1 931 (2002)
Поштенски број: 1488
Повикувачки број: 034
Надморска височина: 67 m
Географска широчина: 41° 9' 20" сев. ш.
Географска должина: 22° 34' 39" ист. д.

Географиja и местоположба

Стојаково е сместено во Гевгелиско- Валандовската котлина.

 
Историja

Територијата на која лежи Стојаково била населена уште од античко време, а за тоа сведочат многубројните археолошки наоди пронајдени во негова близина. Првобитната локација на Стојаково се наоѓала крај месноста Шипков Дол, во близина на денешната населба. Старото име на оваа населба е Трнова. Но пред неколку векови со пустошењето на болеста чума, жителите на ова место биле принудени да ги напуштат своите родни огништа и да побараат ново место на кое ќе подигна нова населба. Местото на кое се населиле е всушност денешната територија на која се наоѓа Стојаково. Името Стојаково било дадено подоцна од причини што оваа населба се наоѓала на главниот пат, кој поврзувал важни региони (пат користен уште од антиката, Белград - Солун) , па така тука во ановите останувале и отспивале голем број на трговци кои биле на пат. Првобитно бил нарекуван Стојакот (место каде што се останува, се стои, за подоцна да биде именувано како Стојаково, име кое и ден денес се користи.

 
Економија

Населението во Стојаково претежно се занимава со одгледување на земјоделски производи (најмногу раноградинарски ) пред се поради погодната топла клима и силните медитерански влијанија кои продираат во овој регион. Исто така е застапено и одгледувањето на винова лоза од кое се прозведува квалитетно вино и ракија.


 Демографија

Според пописот од 2002 година, селото Стојаково брои 1931 жител, од кои:
Македонци 1890
Власи 1
Срби 36
останати 4

 
Редовни настани

На Први Мај секоја година во Стојаково редовно се одржуваат Првомајските традиционални трки во повеќе дисциплини: Трка со коњи,Трка со магариња,Трка на сто метри (јуниори и сениори во машка и женска конкуренција),Скокање со вреки,Трка со ролерки(почнувајки од 2007год.),Трка на три илјади метри,Трка со велосипеди и влечење со јаже.

Култура и спорт

Спортско друштво "ЦИКО" ,Фудбалски клуб "ПРОЛЕТЕР" .Ловечко друштво "ТИГАР"

2 comments:

Anonymous said...

kako за почеток го оставив овој коментар ....

Anonymous said...

ej super vi e stranta uste nekoja slika da se klaa tuka od nas stojacani