GTA SA Multiplayer претставува игра која почна да се игра multiplayer преку интернетот со други љубители на оваа игра. Целта во играта е различна. Има повеќе модови, на пример може Deathmatch во кој целта е да истепаш колку што е можно повеќе други играчи, постои исто така и Turf Wars мод во кој главна цел е да освојуваш територии кои ги држат други банди. За секој кој ја има инсталирано играва и има интернет добро е да го инсталира и multiplayer модот.
Во овој multiplayer мод има некои новитети. Taков новитет е влегувањето во автомобил или
некое друго превозно средство на другите седишта освен на возачкото т.е. не мораш да возиш. Ова се изведува со претискање на буквата "G" на тестатурата и не функционира на секој сервер.
Еве како да ја инсталираш GTA SA Multiplayer:
1. Кликни тука за да превземеш.
2. Инсталирај ја програмата каде ти е инсталирана претходно играта.
3. Оди во фолдерот кај што ја снима програмата.
4. Стартувај ја. (програмата е наречена "samp")
5. Избери nickname па кликни на долниот таб на интернет.
6. Почекај малку да излезат сите сервери.
7. Кликни на серверот кој мислиш најмногу ти одговата.
8. Играј!






No comments:
Post a Comment